Гастрономија

Брза мусака со пилешко месо и прелив од јогурт

 

Потребни состојки:

2 главици кромид ситно исечкани

1,5 кг компири излупени и исечкани на тркалца

400-500 г пилешко месо (стекови или копани) исечкани на залчиња

200 мл вода

зејтин

сол, бибер, зачини по вкус

За преливот:

3 јајца

400 мл јогурт

3 лажици брашно

2-3 лажици ситно сечкан магдонос

сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ставете го во тенџере со зејтин на средна температура и пржете го додека да стане проѕирен. Додајте го месото, кратко пропржете го заедно со кромидот и додајте ја водата. Оставете го месото да се динста околу 2 минути.
  2. Додајте го компирот, зачинете со сол, бибер и зачини по ваш вкус, и измешајте. Префрлете ја содржината од тенџерето во тавче за печење. Ако има потреба, додајте уште вода.
  3. Тавчето покријте го со капак или со фолија и печете околу 20 минути во рерна загреана на 250 степени Целзиусови.

Прелив:

  1. Јајцата изматете ги со жица за матење, додајте ги јогуртот, брашното и магдоносот, зачинете со сол и бибер, и сè убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
  2. Извадете ја тавата од рерна, тргнете го капакот и прелијте ја мусаката со преливот. Вратете ја тавата (без капак) уште десетина минути во рерна додека компирите да се запечат.
  3. Мусаката послужете ја топла, со салата по ваш избор.

На здравје!

 

Слични написи

Динстани тиквички со кромид

Biba

Орео мафини

Biba

Топла салата од компири, боранија и кромид

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.