Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло
1 исечкано чешне лук
250 г исечкани печурки
1 лажица исечкана мајчина душичка
200 г спанаќ, исчистен и измиен
300 г меко сирење
4 лажици изрендан пармезан
6 листови свежа лазања
Начин на подготовка:
- Во големо тавче загрејте го маслиновото масло и ставете го лукчето да се пржи околу една минута. Додајте ги печурките и мајчината душичка и гответе уште три минути додека да почнат да омекнуваат. Потоа додајте го спанаќот и мешајте додека да омекне. Тргнете го тавчето од шпорет, додајте го сирењето, една лажица пармезан и зачинете по вкус. Измешајте.
- Една четвртина од мешавината со спанаќ нанесете ја подеднакво на дното на садот во кој ќе се пече лазањата. Со листови лазања покријте ја смесата, нанесете мешавина со спанаќ и повторете ја постапката додека не се потрошат сите листови лазања. Завршете со последната четвртина мешавина од спанаќ. Одозгора наросете го остатокот пармезан и печете 35 минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, или додека лазањата да добие златножолта боја и да омекне.
- Сервирајте ја лазањата додека е топла.
На здравје!