Потребни состојки:
1 голема главица кромид
2 (или повеќе) чешниња лук
2 чаши (од 200мл) доматен сос
650-700 г (сварен) грав од конзерва
1 лажица сув босилек
1/2 лажичка оригано
маслиново масло
сол и црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во маслото загреано на средна температура пржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне (околу 5 минути).
- Додајте ги исечканите чешниња лук и пржете уште 1-2 минути, додека да пуштат мирис.
- Додајте го доматниот сос и измешајте ја смесата.
- Потоа ставете го гравот од конзерва, босилекот, ориганото, солта и црниот бибер.
- Откако чорбата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете на тивко уште 5-7 минути.
- Ако сакате побогата чорба, може за време на варењето да додадете ситни тестенини, рендано сирење или да ја гарнирате со солени крекери по вкус.
На здравје!