Air Jordan се патики кои низ светот имаат голем успех. Милиони луѓе ги посакуваат и ги поседуваат.
Иако можеби ви личи на првоаприлска шега, сепак, следната информацијата е вистинита: Air Jordan наскоро ќе ги пушти во продажба своите први копачки.
Брендот Air Jordan го добил своето име по најпознатиот кошаркар на светот Мајкл Џордан и се разбира, производот што до сега го нудеа се патики за кошарка.
Но, откако Air Jordan ја проширија својата соработка и со PSG, тим на кој им го дизајнираше третиот дрес, решија на пазарот со фудбалска опрема да понудат и копачки.
Идејата за копачки со називот Air Jordan генерално на сите им се допадна.
Оригиналниот дизајн го постигнаа во соработка со фудбалерот Нејмар.
Според фотографите што беа презентирани, копачките изгледаат прилично убаво и квалитетно.
Breaking | Nike x Jordan launch their 1st ever football boots: "Air Jordan 1" [📸: L'Équipe] pic.twitter.com/lY0jWEFhMg
— Get French Football News (@GFFN) March 29, 2019