Здравје

Бременоста и високите потпетици се лоша комбинација

 

Жените кои сакаат да ги имитираат бремените ѕвезди на шоу-бизнисот кои носат високи потпетици, ги изложуват своите стапала и здравјето на голем ризик, вели Лорејн Џонс, специјалист за болести на нозете и на стапалата од британското Здружение на кироподисти и подијатри. Факт е дека денешните жени се изложени на притисокот да мора да носат високи потпетици, но во бременоста тоа значи опасност од долгорочни повреди и изложување на зглобовите и лигаментите на големо напрегање. Проблемот не е само во обувките со високи потпетици – жените ширум светот носат неудобни чевли како што се популарните ниски крзнени чизми, балетанки и јапонки.

Британското Здружение на кироподисти и подијатри спровело анкета на над 1 000 трудници, чии резултати покажале дека 66 % од нив носат јапонки, 32 % чевли со висока потпетица, 53 % обуваат балетанки, а 30 % ниски крзнени чизми. Џонс предупредува дека ниту еден од наведените модели на чевли не се добри за нозете на бремените жени, затоа што тој тип на обувки не дава доволно потпора.

“Зголемената тежина и хормоналните промени за време на бременоста имаат големо влијание на телото. Мускулите и лигаментите се опуштаат и се затегнуваат заради лачењето на хормонот релаксин кој го излачуваат јајниците, и кој секојдневно ве прави склони кон шинување на зглобовите и истегнување на лигаментите. Високите потпетици го менуваат држењето на телото, ги кратат листовите на нозете и го пренасочуваат пртисокот на грбот и на колената”, вели Џонс.

Трудниците кои учествувале во истражувањето изјавиле дека секојдневно ги носат сите наведени видови на обувки, и покрај тоа што се жалеле на болки во нозете:  37 % од нив имале отечени глуждови, 45 % отечени стапала, а 16 % имале болки во петицата и во рисот.

Џонс советува да носите високи потпетици само ако баш морате и на настани на кои не мора долго да стоите. “Повеќето бремени холивудски ѕвезди кои носат високи потпетици на насловните страници на списанијата тоа го прават само на одредени случувања (не секојдневно), затоа и вие потрудете се помодарските чевли да ги носите само во посебни пригоди, а секојдневно да се држите до поквалитетни и појаки обувки”, вели Џонс.

 

Слични написи

Навики кои можат да ја намалат плодноста кај мажите

dart

Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

Biba

Сонцето и лековите не се секогаш добра комбинација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.