Љубов и секс

Брачните кавги се добри за здравјето

Според студија објавена во Journal Of Family Communication, кавгата со сопружникот може да има позитивно влијание за здравјето.

Во студијата се вели дека кај брачните парови кои не успеваат да ја изразат својата лутина смртноста е два пати поголема отколку кај паровите што можат да ја артикулираат.

Студијата била спроведена на 192 брачни парови во САД во текот на 17 години.

Кај паровите во кои ни еден од брачните парови не ја изразува својата лутина и не го празни својот бес, ризикот од смрт е пет пати поголем отколку кај оние што си ја покажувале лутината.

Поранешни истражувања покажуваат дека потиснувањето на лутината е директно поврзано со болести предизвикани од стрес како срцеви и кардиоваскуларни заболувања.

Ова истражување се однесува на влијанието на прикриениот бес и омраза со смртноста кај брачните парови.

Слични написи

Десет работи кои жените и мажите не ги простуваат во кревет

Biba

Вистината за тоа зошто жените стенкаат додека имаат секс

Biba

Што го уништува либидото

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.