Забава

Бразилката Валентина Сампаио е првиот трансродов модел кој соработува со Victoria’s Secret

 

Американскиот бренд за луксузна долна облека Victoria’s Secret во своите редови го доби првиот трансродов модел, Бразилката Валентина Сампаио.

На својот инстаграм-профил Сампаио постави фотографија на која ја тагирала Victoria’s Secret Pink колекцијата и нашишала дека е пресреќна што соработува со овој познат бренд.

Лаверн Кокс, активистка и ѕвезда на серијата “Orange is the new black”, на оваа објава искоментирала: “Конечно”.

Како за потсетување, Валентина Сампаио, исто така, е првиот припадник на трансродовата заедница што се појавил на страната на магазинот Вог.

Ед Разек, извршниот директор на Victoria’s Secret, во ноември минатата година наиде на големи критики за изјавата што ја даде дека трансродовите претставници не треба да се дел од модните ревии на овој бренд, но брзо по дадената изјава се извини и ја остварија соработката со Сампаио.

 

https://www.instagram.com/p/B0q8V_XCOgG/?utm_source=ig_web_copy_link

 

 

Слични написи

Брендот Nike X Jordan ги лансираше своите први копачки

Biba

Трка на легенди

Biba

Златен ретривер ја „довлечка“ мачката за групната фотографија

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.