И четвртата генерација на мерцедесовата А-класа помина низ рацете на талентираните инженери на брабус. Во седиштето на Брабус решија да поработат на најјаката верзија на мерцедесовата А250.
Од стандардниот дволитарски мотор со турбо полнач развиен во Мерцедес, успеаја да извлечат додатни 46 ks и 80 Nm така што овој мотор сега испорачува 267 ks и 430 Nm.
Моделот со S Power Xtra B25 performance пакетот А250 од 0-100 km/h постигнува за 5,9 секунди и максимална брзина која е електронски лимитирана на 250 km/h.
Освен подобрување на перформанси, брабус понуди и визуелни подобрувања на моделот, како тркала од 20 инчи, кровен спојлер, нов издувен систем, дифузер и многу други ситни детали.
Внатрешноста е подобрена со голем избор на кожни детали, осветлени плочи на праговите, алуминиумски плочки на папучите за гас и кочница, велур патосници.