Вести

Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

 

Добро познатото Битолското свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3. Покрај тоа што е природен извор на калциум, лесно е за консумација, бидејќи не е потребно да се вари и се консумира свежо. Со ваквиот состав, ова млеко е совршено за сите консументи, особено во зимските месеци кога сончевите денови ни се ограничени. Посебно е препорачливо за повозрасната популација и нивната зголемена потреба од грижа за коските и забите.

„Битолска млекара посветено продолжува со создавање висококвалитетни производи и подобрување на сопственото производно портфолио. Како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, со секој новитет ја исполнуваме нашата обврска и на потрошувачите им нудиме производ што е конкретен одговор на вистинските хранливи потреби и производ којшто нуди здравствени придобивки. Така, Битолското свежо млеко со Д3 витамин, како производ со веќе изразени нутритивни вредности, сега има збогатен состав и дополнителна вредност“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Витаминот Д придонесува за подобра апсорбција на калциумот од млекото и подобро сврзување во организмот, а со таквиот состав се подобрува улогата и функцијата што млекото ја има во одржувањето здрав и силен имунитет. Во исто време ги развива и зачувува природните функции на коските и мускулите, а значаен е и за одржување здрави заби. Токму заради широкиот опсег на придобивки, здравствените лица препорачуваат дополнително внесување на витаминот Д3 кога природното е ограничено.

„Витаминот Д има огромна, значајна улога во телото, а посебно е потребно дополнително внесување во зимските месеци и периоди кога се ограничени сончевите денови, а со тоа и природното снабдување. Потребата од овој витамин за структурата и јачината на коските е толку силна што не се менува во зависност од возраста или годините. Со помош на витаминот Д во млекото, калциумот успева подобро да се апсорбира и сврзе во нашиот организам, а со тоа и да ја зајакне цврстината на коските, што е исклучително важно кај постарата популација при превенција од повреди и остеопороза. Од огромна важност е и кај децата, за правилен раст и развој и за одржување здрав имун систем“, изјави доцент д-р Виктор Камнар, специјалист ортопедски хирург.

Битолско свежо млеко со Д3 е произведено од најквалитетно домашно млеко и според највисоки производни стандарди, со што претставува премиум производ за здрав живот и правилна исхрана.

 

Слични написи

Скопската Зоолошка градина подготвува нова детска содржина – „Авантура парк“

admin

Прв детски ЗОО Маратон во Зоолошка градина – Скопје

Biba

Филмот “Полусестра” на Дамјан Козоле влезе во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.