Актерот Бен Афлек ја продава вилата во кој живеел сам по разводот со Џенифер Гарнер.
Палатата на Афлек е на листата на најскапите во областа Лос Анџелес. Бараната цена на актерот за неговиот поранешен дом е 28,5 милиони долари.
Изгледа дека Џеј Ло и Бен немаат доволно место во куќите кои веќе ги имаат, со оглед на тоа што сега бараат уште поголем и луксузен дом.
Сепак, не може да се каже дека до сега не живееле удобно. Палатата на Афлек е во традиционален стил, а целиот имот се простира на 13 илјади квадратни метри. Вилата има седум спални соби, девет бањи, луксузни дневни соби и удобности како кино, винарска визба, бар, теретана и велнес сала.
Имотот има и голем двор опкружен со висока ограда и дрвја. Покриената тераса и терасата на вториот кат на вилата гледаат на надворешниот простор што го исполнува тревникот, градината, гостинската куќа, базенот со воден тобоган и бањата.