Потребни состојки:
- 1 пакување тестенини по избор
- 250 г битолска павлака
- 150 г моцарела
- 1 тиквичка
- грст грашок
- 100 г бело пилешко месо
- магдонос
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Тиквичката исечкајте ја на коцки и пропржете ја во малку вода и масло заедно со сечканото пилешко месо.
- Додајте го грашокот, па динстајте додека не омекне.
- Зачинете по желба со сол и/или зачини, додајте малку црн пипер, па сипете ја битолската павлака.
- Тестенините претходно сварете ги според упатството на пакувањето, па сварени додајте ги во зеленчукот и убаво промешајте.
- На крајот додајте ја иситнетата моцарела и уште еднаш промешајте за моцарелата да се распореди насекаде.
- Наросете свеж магдонос и послужете додека е топло.