Потребни состојки:
Масло од лук:
1 лажица маслиново масло
1/4 лажичка лук во прав
Песто од магдонос:
1 китка магдонос, ситно исечкана (само ливчињата)
1 чешне лук, ситно исечкано
1 лажица рендан пармезан
1/4 лажичка сол
бибер по вкус
1 прстофат црвен буковец
1 1/2 лажица сок од лимон
3 лажици маслиново масло
Пица:
1 полуготово тесто за пица (или направете го сами)
100 г моцарела исечена на тенки парчиња
2 патлиџана исечени на тенки тркалца
Начин на подготовка:
- Масло од лук: во мал сад измешајте го маслиновото масло со лукот во прав и оставете го да се кисне додека ги подготвувате другите состојки.
- Песто од магдонос: во сад измешајте ги магдоносот, лукот, пармезанот, солта, биберот и буковецот. Додајте 1 лажица сок од лимон и 2 лажици маслиново масло и измешајте. По потреба, со мешање додавајте сок од лимон и масло за да добиете смеса што ќе биде доволно течна да може да се нароси врз пицата.
- Пица: рерната загрејте ја на 260 степени Целзиусови. Тестото за пица премачкајте го со маслото од лук. Наредете ги тркалцата од патлиџан подеднакво врз целото тесто. Одозгора наредете ги парчињата моцарела. Печете ја пицата 10 минути или додека да се стопи сирењето а тестото да стане златнокафеаво (внимавајте да не изгори). Кога ќе ја извадите пицата од рерна, испрскајте ја одозгора со пестото од магдонос и послужете ја додека е топла.
На здравје!