Психологија

Бебињата го сакаат гласот на мама, но зборовите ги учат од тато

 

Иако мајката и бебето од самиот почеток воспоставуваат цврста поврзаност, татковците исто така играат важна улога кога е во прашање развојот на говорот кај бебињата.

Бебињата учат зборови и звуци уште пред да се родат, благодарение на мајките кои им зборуваат додека се во мајчиниот стомак. Според истражувањата, новороденчето може да препознае гласови кои ги слушало додека било во мајчиниот стомак, во текот на третиот триместар, и секако го преферира мајчиниот глас.

Новите истражувања направени на универзитет во Кина, откриваат дека двата родитела влијаат на начинот како бебето учи да зборува.

Авторот на истражувањата Менган Жанг открива дека бебињата го прилагодуваат изговорот и гласот од мајките, додека вокабуларот го стекнуваат од таткото. Истражувањата покажале дека постојат силни врски помеѓу татковите гени и лексичките карактеристики, и мајчинските гени и фонемските карактеристики.

Затоа, татковци, запаметете дека гушкањето и галењето со бебињата е одличен почеток на природен начин да се поврзете со бебето и да го поттикнете неговиот развој.

И да не заборавиме дека емоционално вклучени татковци имаат посреќни деца.

 

Слични написи

Заблуди поврзани со анксиозноста

Biba

Сиромашните луѓе сочувствуваат повеќе отколку богатите

Biba

Дали сте зависни од вашиот мобилен телефон?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.