Потребни состојки:
1 чаша путер (во парчиња на собна температура)
2 1/2 чаши шеќер
3/4 чаша вода
1/2 чаша јаворов сируп
1/4 чаша мед
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка рум
Начин на подготовка:
- Во тенџере на средна температура ставете ги шеќерот, водата и јаворовиот сируп. Покријте го тенџерето со капак и оставете го шербетот да зоврие, без мешање.
- Откако убаво ќе се згусне додајте ги путерот, солта и румот и мешајте постојано додека смесата повторно да се згусне.
- Тргнете го тенџерето од шпорет, додајте го румот и измешајте. Смесата сипете ја во правоаголно тавче намастено со путер.
- Оставете го 1-2 минути да се лади и потоа исечете ги карамелите на коцки или во форма по ваша желба.
На здравје!