Лошиот избор на чевли може да доведе до страшни болки во нозете, а индиректно и до други здравствени проблеми во телото. Преку лето луѓето најчесто носат рамни сандали или влечки кои предизвикуваат болки во стапалата.
Таков проблем може да настане и од носење на популарните женски обувки – балетанки, кои се можеби најголемите причинители на болки во стапалата во летниот период. На крајот од денот нозете се отечени и често отокот е проследен со болки. Отекуваат зглобовите и болка се појавува во петите.
Балетанките немаат апсолутно никаква потпора, а жените знаат често да потрчуваат со нив како да се патики и со тоа директно доведуваат до искривување на стапалата, при што се создаваат вистински проблеми.
Препораката за летниот период е да се носат чевли со добра потпора, удобни и стапалото во нив да може слободно да дише.