Мажи во традиционална баварска носија, клечејки околу маси, се натпреваруваат во борење со прсти (fingerhakeln). Ова е едно од најнеобичните натпреварувања на светот.
Победник на ова натпреварување е тој што ќе успее да го повлече противникот преку масата.
Традиционалното првенство, шеесетто по ред, се одвива во Гармиш-Партенкирхен, град на југот од Германија.
Како и во другите форми на борење, така и во ова потребно е многу вежбање. Принципот на вежбање најчесто е со стискање на топчиња за тенис и дигање на тешки тегови. За да се триумфира потребна е физичка подготвеност, добра техника и висок праг на толеранција на болка.
Сепак, и ова натпреварување не е безопасно. Повреди како исеченици, изгореници од триење, скршени и изместени прсти се дел од натпреварувањето.
Fingerhakeln е традиција во Баварија и Австрија, потеклото не е познато, а започнало како начин на решавање на расправии.