Астана и нејзината симболика

 

Овој град, инаку престолнина на Казахстан, многумнина го нарекуваат “окултна престолнина на светот”.  Астана значи “праг” при што се инсинуира на владателски праг на кој се клекнува пред моќниците. Барем така кажуваат одредени денешни мислења.

Астана стана престолнина на Казахстан во 1997 година. Недвосмислено е дека градот изобилува со симболика која обично се поврзува со тајните друштва како масоните и илуминатите. Изграден е по замисла на претседателот на Казахстан, Назарбаев, и во него се вложуваат огромни суми на долари.

Градската архитектура се одликува со необичен дизајн, кој како да спојува некои обележја од древните култури со научно-фантастичен изглед. Во градот се видливи зданија кои се посветени на богот на Сонцето, единството на народот и религијата, и Соломоновиот храм. Сето тоа наведува дека можеби станува збор за слободноѕидарска престолнина, изјавуваат експерти кои се бават со таа проблематика.

Една од највпечатливите градби е таканаречената “Пирамида на мирот”. Висока е 62 метри, а нејзината изградба чинела дури 60 милиони долари. Таа всушност е храм посветен на богот на Сонцето, божество кое го почитуваат масоните.

Внатрешноста на пирамидата наводно симболизира човечко движење кон просветлувањето. Во конференциската сала постои маса во форма на Сонце. Третина од пирамидата е изградена од стакло и содржи симболи на обединување и мир.

Освен пирамидата, во градот се наоѓаат и два огромни златни столба кои укажуваат на легендарните порти на Соломоновиот храм во Ерусалим, кој за масоните е со голема светост.

Во Астана се истакнува и кулата Бајтерек висока 105 метри. Се претпоставува дека таа преставува митско “дрво на животот”. Златната топка на врвот од кулата е уште еден симбол на илуминатското соларно божество. Во златната топка на врвот од кулата се претпоставува дека се наоѓа златен триаголник со отисок од раката на претседателот на Казахстан, како и глобус со потписите на претставниците на 17 светски религии, а со тоа, според истражувачите, се симболизира стопување на сите религии и општества во едно.

Освен овие најголеми и најпознати градби кои наведуваат на окултни асоцијации, Астана е преполна и со други слични градби.

Што би требало сето ова да значи и зошто тајните друштва решиле да почнат да се откриваат не е познато. Сето тоа ќе го ставиме на теоретичарите на заговор и на нивното индивидуално толкување.

 

Копирањето на содржината е забрането!