11.8 C
Скопје
25 февруари 2024
Забава

Американецот Колин О’Брејди е првиот човек што сам го поминал Антарктикот

Колин О’Брејди е првиот човек што сам без помош го поминал Антарктикот за само 53 дена, и е побрз од Британецот Луис Рад со кој тргнал на епското патување по мраз.

Двајцата на трети ноември тргнале на патувањето долго 1482 километри.

“Јас сум многу уморен човек, апсолутно сум исцрпен, но полека се опоравувам”, изјавил Колин О’Брејди преку сателитскиот телефон во интервјуто дадено за BBC на четириесет и седмиот ден од неговата авантура, на дваесетти декември.

Исто така, изјавува дека е среќен што успеал да ги совлада екстремните временски непогоди и непристапниот терен составен од замрзнати височинки. Додека се справувал со теренот, студот и напорот, ослабел толку многу што рачниот часовник му паѓал од раката.

За време на своето патување се огласувал само преку Инстаграм и преку сателитскиот телефон, а секој вечер одговарал на по едно прашање од студентите што го следеле.

Капетан Луис Рад изјавил дека ова патување го направил како спомен на својот колега Хенри Ворсли кој трагично настрадал обидувајќи се да го направи истиот подвиг.

Слични написи

Човекот со најголемиот пенис на светот

Biba

Густав – најголемиот топ некогаш направен во светот

Biba

Во Канада е пронајден дијамант од 552 карати

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.