Сите барем еднаш во животот сме го искусиле тоа чувство на печење и жарење кое се шири од желудникот кон грлото, предизвикано од претерано лачење на желудечни киселини и се нарекува жиговина. Најчесто се јавува кога јадеме многу зачинета храна, но причините можат да бидат и од друга природа. Некои луѓе имаат силна жиговина, а кај други симптомите се нешто поблаги.
Во двата случаи чувството е непријатно, па затоа не е чудно што лековите за киселини во желудникот се едни од најбараните во аптеките. Меѓутоа, освен со лекови, жиговината може да се ублажи и со алтернативни методи, и со внесување на промени во животниот стил:
- Избегнувајте газирани пијалаци и кофеин. Подобар избор е чајот од билки.
- Секој ден напијте се една чаша млака вода.
- Јадете банани, лубеници и свежи краставици. Сокот од лубеница е идеален за смирување на жиговината.
- Последниот оброк во денот изедете го најмалку 2 до 3 часа пред легнување.
- Секој ден пијте барем една чаша млеко.
- Долгите паузи помеѓу оброците можат да ја поттикнат жиговината, затоа јадете повеќе помали оброци во пократки интервали.
- Избегнувајте кисели краставички, оцет, премногу зачинети јадења.
- После оброкот напијте се благ чај од нане.
- Во исхраната внесете каранфилче.
- Лимонот, бананата и бадемите моментално ја олеснуваат жиговината.
- Претерано пушење и пиење алкохол ја влошуваат состојбата.
- Гумата за џвакање предизвикува зголемено лачење на плунка што може да ги ублажи симптомите на жиговина.
- Ѓумбирот ја подобрува дигестијата, додајте го во вашата исхрана.
- Напијте се чаша лимонада со малку шеќер еден час пред јадење.
- Јадете повеќе грав, тиквици, зелка, моркови, млад кромид.
- Напијте се чаша вода во која сте раствориле една лажичка сода бикарбона.
- Јадете во седечка положба.
- Спијте на благо поткрената перница.
- Цитрусното овошје е алкално и ја неутрализира киселината во стомакот.