Здравје

Алкохолот ги влошува симптомите на алергија

 

Алкохолот ги зајакнува симптомите на алергија, па на лицата кои страдаат од алергии им се препорачува умрено уживање во пивото, виното и другите алкохолни пијалаци, предупредуваат германски научници.

Алкохолот предизвикува поголема пропустливост на слузницата, ја зголемува прокрвеноста на кожата и предизвикува црвенило на образите. Истовремено, оваа пропустливост на слузницата го олеснува продорот на алергени во крвотокот и ги влошува алергиските симптоми.

Освен тоа, алкохолот содржи хистамини, односно органски соединенија кои предизвикуваат алергиска реакција, објаснуваат лекарите.

Алкохолните пијалаци го зголемуваат нивото на хистамин во телото, а особено треба да бидете внимателни со црното вино, бидејќи содржи повеќе хистамин од пивото, белото вино и пенливото вино.

 

Related posts

Престојување пред телевизор повеќе од 4 часа е штетно за срцето и крвните садови

Biba

Брзата храна влијае негативно и на физичкото и на психичкото здравје

Biba

Откриен е нов центар за болка во мозокот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.