Како што стареете, почнувате сè повеќе и повеќе да размислувате за ефектите што алкохолот ги има врз вашето здравје. Постојат неколку алкохолни пијалаци кои треба да ги избегнувате, бидејќи влијаат штетно на вашето срце.
На прво место е румот помешан со кока-кола. Докторката Лиза Јанг во интервју за магазинот Eat This, Not That, вели дека, всушност, секој алкохолен пијалак во комбинација со газирани напитоци е нездрав за срцето.
Истражувањето неодамна објавено во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија, покажува дека оние кои редовно консумираат газирани пијалаци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.
Вториот пијалак што треба да го избегнувате е пина колада. Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти. Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол), што доведува до компликации на срцето.
На трето место е лонг ајленд ледениот чај, бидејќи е полн со шеќер и калории. Содржи алкохол, сируп, кока кола и уште неколку слатко-кисели состојки кои се лоши за срцето. Овој леден чај е вкусен и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.