Нов хит кој го зафати интернетот се розе гумените бонбони. Со помош на шеќер, лесно розе вино и желатин можете да направите вкусни гумени бонбони кои многу лесно се подготвуваат. Готови се за десетина минути и потоа се ладат во фрижидер час и половина.
Во тенџере на средна температура ставете 240 мл вино розе. Оставете го да зоврие, варете го околу пет минути и тргнете го од оган. Во помал сад измешајте 50 г желатин во прав и уште 240 мл розе вино. Оставете да отстои пет минути. Потоа се мешаат овие две смеси, се додаваат 200 г шеќер и се враќа на тивок оган со постојано мешање.
Смесата треба да има сирупска конзистентност, слична на јаворов сируп. Тргнете ја од оган и по желба додајте капка розева прехранбена боја. Смесата полека сипете ја во калапи во форма на мече или во калапчиња за мраз. Пред послужување чувајте ги во фрижидер минимум 90 минути.