Секој кој некогаш имал проблем со спиењето знае колку несоницата може да го отежни секојдневното функционирање.
Месечевото млеко е напиток кој сигурно сте го пробале во детството – станува збор за загреано млеко во кое ќе додадете мед, цимет и други зачини по ваш вкус, не мора да се ограничите само на овие две состојки.
Месечевото млеко, всушност, не го измислиле нашите мајки и баби, туку потекнува од ајурведската медицина. Циметот, куркумата и ѓумбирот се само некои од состојките кои можете да ги додадете во млекото за побрзо да се опуштите и да потонете во сон.
Адаптогените од овој напиток делуваат како превентива кога знаете дека ве чека напорен ден преполн со обврски и стрес, но исто така и ќе ве смири пред спиење.
За подготовка на напитокот може да користите кравјо, соино, бадемово или кокосово млеко, а освен мед, како зачин може да ставите и босилек, лаванда, камилица или кардамом.
Сепак, нутриционистите предупредуваат да не забораваме дека сите луѓе се различни. Едни можеби се колнат во ефикасноста на млекото и слатките зачини, додека пак други воопшто нема да почувствуваат никаков ефект.
Во секој случај, вреди да се проба.
Еве неколку идеи за подготовка на месечево млеко:
Месечево млеко со какао и мака зачин
Состојки:
1 чаша бадемово млеко
1 лажица какао
1/2 лажица мака во прав
1 лажица јаворов сируп, мед или агаве
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во тенџерче на шпорет, мешајте додека се соединат и вклучете ја ринглата да го стопли напитокот без да го зоврие. Потоа смесата изблендајте ја во блендер и послужете ја топла.
Месечево млеко со куркума и цимет
Состојки:
1 чаша бадемово или друго млеко од јаткасто овошје по избор
1/2 лажица цимет
1/2 лажица куркума
1 прстофат мелен ѓумбир
1 прстофат мелен црн пипер
1 лажица кокосово масло
1 лажица јаворов сируп или мед
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во тенџерче, измешајте ги убаво да се соединат и загрејте го напитокот на шпорет, но внимавајте да не зоврие.
Златно месечево млеко
Состојки:
1 чаша бадемово или друго млеко од јаткасто овошје по избор
1 лажица куркума
1 лажица кокосово масло
1 лажица јаворов сируп или мед
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во тенџерче, измешајте ги убаво да се соединат и загрејте го напитокот на шпорет, но внимавајте да не зоврие.