Вечното прашање за тоа што е побрзо, две или четири тркала. На ова прашање пробале да дадат одговор двајца екстремни спортисти. Dani Sordo, возач во Светскиот рели шампионат, и downhill велосипедистот Andre Lacondeguya. А местото каде ги вкрстија мечевите за да докажат е ридот Lousa во Португалија.
Ако се ориентираме по здравиот разум, тогаш ќе кажеме дека дефинитивниот победник е Dani Sardo на 4 тркала. Дека WRC автомобил со 300 ks не можат да се победат. Но, ајде да видиме.
Овие двајца различни возачи се најдоа на стартна црта еден до друг. Dani Sardo на рели патека, а Andre Lacondeguya на велосипедска патека веднаш до него.
Нивните патеки често се преклопуваа, автомобилот прескокнуваше преку велосипедистот, и обратно. Приредија вистински спектакл. Посетителите беа сведоци на вратоломни акробации.
Завршетокот на трката го донесе победникот. Dani Sordo со автомобилот Hyndai i20 WRC, за многу малку успеа да извојува победа.
Погледнете го видеото за да ги видите деталите и авантурите на трката, воедно и одговорот на прашањето – што е побрзо: 2 или 4 тркала.