Европското првенство во фудбал EURO 2020 ќе се одржи следната година во период од 12 јуни до 12 јули, во 12 градови низ Европа.
Адидас ќе биде брендот што ќе ја обезбеди официјалната топка на првенството. Станува збор за топката со назив Uniforia.
Според изјавите на Адидас, топката ги слави заедништвото и еуфоријата кои се составен дел на фудбалските натпреварувања.
„Дизајнот на топката Uniforia е инспириран од новиот формат на фудбалското првенство и натпреварите кои ќе се играат во наведениот период. Натпреварите што ќе се играат во 12 градови од Европа за да се создаде заедништво, да се избришат границите и разликите меѓу навивачите и спортистите, низ еден единствен спој на уметност и спорт.“
Unite in play.
Introducing: #Uniforia, the official match ball for the @UEFAEURO. pic.twitter.com/9LwtyM1dje— adidas UK (@adidasUK) November 6, 2019
Во годината која доаѓа се одбележува шеесеттата годишнина од фудбалското првенство на UEFA.
Градовите во кои ќе се играат натпреварите се Глазгов, Лондон, Даблин, Билбао, Амстердам, Копенхаген, Сент Петерсбург, Минхен, Виена, Рим, Букурешт и Баку.
ГПС координатите од стадионите ќе бидат поставени на топката.