Од Хјундаи се горди на трите награди за сигурност на нивните автомобили во рок од две недели.
Најновата награда што ја добија за сигурноста на нивните возила е SAFETYBEST 2018, и се однесува на системот за предупредување на патниците на задната клупа и ќе се вградува во носечкиот модел на теренски возила од Хјундаи, Санта Фе. Системот што го направија од Хјундаи е прв таков што се вградуваа воопшто во автоиндустријата.
Системот (Rear Occupant Alert) сигнализира на присутност на патници на задната клупа, давајќи му информации на возачот доколку при излегување задните врати не биле отворени а со тоа сигнализаира на можност од заборавање на дете или премет. Ова е револуционерен систем кој има за цел да ги елиминира незгодите од заборавање на деца во автомобили во врели или ладни времиња.
Освен оваа награда, Хјундаи во изминатите две недели доби уште две награди за други автомобили.
Теренецот Санта Фе ги доби сите сигурносни ѕвездички од Euro NCAP, заради целата палета на сигурносни системи што ги поседува Санта Фе, како Smart Sense активен систем за заштита кој го вклучува и системот за заштита од странични удари, кој за прв пат е вграден во некој од автомобилите на Хјундаи. Овој систем го предупредува возачот дека при возење наназад му се ограничува видливоста и доколку му се приближува друго возило ги активира и кочниците. Освен овој систем, во Санта Фе се вградува и Safety Exit Assist кој има за задача да спречи несреќа при отворање на врата во случај да се приближува друго возило.
Третата сигурносна награда што ја добија во Хјундаи е исто од Euro NCAP, вградена во моделот Nexo, а го постави за најдобар во класата големи offroad возила. Nexo е првото возило кое е со погон на водород и електричен погон. Со него се покажува убеденоста на Хјундаи за примена на нови технологии на патиштата.
Новите Санта Фе и Нексо веќе се продаваат на одредени пазари во Европа.