Малку по малку, хибридниот погон ги освојува сите големи автомобилски натпреварувања. Влезе во трките на Формула 1, доминира во трките 24 часа Ле Ман, а веќе од 2022 година ќе биде дел и од WRC натпреварувањето.
Според FIA, автомобилите што ќе се натпреваруваат ќе имаат комбинација на бензински и електричен мотор, и сите учесници ќе ја делат истата комбинација составена од заеднички компоненти и софтвер во првите три години, со можност за поголема слобода по 2024 година. Оваа варијанта ќе им даде на сите учесници еднакви можности да се позанимаваат со подобрување на единицата.
Новите правила имаат за цел да им овозможи на автомобилите користење на електричен погон во градските етапи и зголемување на силата на специјалните етапи.