Технологија

Австралија користи дронови за да ги лоцира крокодилите кои се во близина на пливачите

 

Австралија почна да користи дронови за локација на крокодили кои се во близина на плажите и пливачите, за да го намали процентот на напади од крокодилите.

Дронови се користат во Квинсленд, а развиени се со заеднички сили на Little Ripper Group и Универзитетот за технологија во Сиднеј. Овие дронови, благодарение на AR технологијата, можат да откријат до 16 видови водени животни, вклучително и ајкули, а системот има прецизност од 93 %.

Дроновите се опремени со сирени и звучници и можат да ги предупредат пливачите во случај на опасност.

“Ова е одличен начин на употреба на дроновите, ни помага да ја зголемиме безбедноста на јавноста и е многу корисен”, изјави Серж Вич, професор на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Најизолираниот остров крие тајни стари 1000 години

Biba

ASUS го претстави својот ZenFone 6

Biba

Џеф Безос го претстави концептот на лунарен лендер

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.