Технологија

Valkyrie Project ќе биде најголемата јахта на светот

 

Valkyrie Project е мегаброд со должина од 229 метри, кој всушност ќе биде најголемата јахта во приватен посед на светот. Таа е дело на Chulhun Park, главен дизајнер на латвијската компанија Latitude Yachts, и е замислена како спектакуларен брод исполнет со бројни забавни содржини.

“Решив да дизајнирам визуелно единствена јахта која ќе се издвојува од флотата”, изјави Chulhun Park.

Овој концепт вклучува казино, театар, уметничка галерија и конгресна сала отворена за јавноста.

“Повеќето луѓе сметаат дека јахтите се наменети за милијардери кои на таков начин го покажуваат своето богатство. Во овој случај, тоа ќе биде пловечка архитектура достапна за јавноста”, изјави Park.

Доколку овој проект биде изработен, ќе ја засени моментално најголемата изработена јахта Azzam, долга 180 метри, за која се верува дека е сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати.

Valkyrie би можела да прими 52 гости во 26 кабини, со 92 члена на екипаж во 46 кабини, но Park нагласува дека јахтата може да прими и повеќе луѓе како дневни посетители.

Главен материјал кој би се користел при изградбата е челик или алуминиум за трупот, и карбонски влакна за надградба.

Изградбата на овој проект би чинел околу 800 милиони долари, и Park вели дека постои интерес.

 

Слични написи

New Horizons стигна до Ultima Thule

Biba

Новиот сензор од 48 мегапиксели на Сони

admin

Футуристичка подвижна куќа која може да се движи на речиси секој терен

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.