Забава

Kudadoo, најдобриот луксузен ресорт на светот

Иако постои само еден месец, Kudadoo со својот луксуз, прекрасно опкружување и изглед како од соништата, е прогласен за најдобриот ресорт на светот.

Станува збор за приватен остров со 15 луксузни апартмани дизајнирани и изградени на принципот за одржлив развој, сместен на Lhaviyani Atol оддалечен 40 минути со авион од аеродромот Male на Малдивите.

Има огромен број содржини кои го прават најдобар, како бескраен базен од 44 метри квадратни, ресторан под површината на морето, соларни панели кои комплетно го снабдуваат со електрична енергија, спа третмани, маникир и педикир, различни масажи, советник за здравје и исхрана, до комора со хималајска сол.

Цената за ноќевање во овој луксуз е 3.300 долари.

Слични написи

Започна фестивалoт „Преспаленд 2021“

dart

Дубаи го има првиот пловечки супермаркет

Biba

Десет работи што авиокомпаниите не сакаат да ги знаете

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.