Автомобилизам

BMW iX3 во производство во 2020 година

 

По претставувањето на концептот iX3 на BMW во 2018 година, во компанијата напорно работеа на продукциска верзија на електричен кросовер и веќе го соопштија почетокот на продукцијата на BMW iX3.

Баварската компанија откри некои од карактеристиките на iX3, а исто така открија дека ова ќе биде заеднички проект со BMW Brilliance Automotive во Кина.

Продукцискиот BMW iX3 ќе има батерија од 74 kWh со која ќе има автономија од 440 километри со едно полнење.

Ќе го придвижува петтата генерација на eDrive електричен погонски систем и истакнуваат дека сите компоненти се нивен дизајн и на тоа се апсолутно горди.

Познато е дека моторот ќе испорачува 286 коњски сили и 400 њутн метри на вртежен момент, силата ќе се испорачува само на задните тркала.

Со доаѓањето на потполно електричниот iX3, X3 ќе биде првиот модел на BMW кој ќе биде достапен со конвенционален бензински, дизел, но и хибриден и електричен погон.

 

 

Слични написи

Брабус ја тјунираше новата А-класа на мерцедес

Biba

Листа на кандидати за светски автомобил на годината

Biba

Возачот на Ферари Ф1, Шарл Леклер, остана без часовник вреден 320.000 долари

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.