Технологија

Apple Mac Pro – технолошко чудо кое ќе чини над 33 000 долари

 

Епл соопшти дека за новиот Mac Pro ќе треба да издвоите 6 000 долари, но на сите им е јасно дека  доколку сакаат машина која ќе ја извршува работата за која е наменет, ќе треба да одвојат многу повеќе од тоа.

Новинарите на специјализираната интернет-страница наменета за технологија “The Verge”, си поиграа со можните конфигурации на Mac Pro и дојдоа до заклучок дека за да добие апсолутен минимум на професионална графичка станица, потребни се најмалку 33 720 долари, и тоа без да се вкалкулираат четири графички процесорски единици кои ја зголемуваат цената до 45 000 долари.

За таа сума видеомонтажерите и други креативци добиваат многу моќ, и тоа Intel Xeon W процесор со 28 јадра кои работат на 2.8 ghz, речиси невозможни 1,5 терабајти рам меморија, 4 терабајти SSD внатрешна меморија и четири AMD Radeon Pro Vega II Duo GPU единици.

Ако на ова се додаде и Pro Display XDR монитор и Pro Stand држач, комбинацијата достигнува неверојатни 50 000 долари.

Многу моќ за многу пари, но професионалноста не прифаќа компромиси.

 

Слични написи

Инстаграм оневозможи прегледување на профилите доколку не сте најавени

Biba

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

Нов рекорд за SpaceX

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.