Забава

Јужна Кореја ја забрани продажбата на кафе во училиштата

Владата на Јужна Кореја донесе одлука за забрана на продажба на кафе во училиштата поради прекумерно конзумирање.

Продажбата на пијалоци со висок процент на кофеин е забранета во училиштата во Јужна Кореја од 2013 година, но апаратите за кафе им беа достапни на наставниците, додека учениците наоѓаа начини да ги заобиколат правилата за да добијат кафе.

Владата сега сака потполно да ја елиминира можноста децата да купат пијалок со висок процент на кофеин – истакна портпаролот на Министерството за безбедност, храна и лекови, предупредувајќи дека учениците конзумираат кафе за навечер да останат будни додека се подготвуваат за испитите.

Оваа одлука која ќе стапи на сила на 14 септември, предвидува потполна забрана на продажба на кафе во основните и средните училишта.

„Кафето ќе исчезне од кафетериите и апаратите за кафе инсталирани во училиштата“, истакна портпаролот на Франс прес.

Министерството предупредува на здравствените последици од преголемото конзумирање на кафе кое може да предизвика мачнини, нерегуларни отчукувања на срцето и нарушувања на спиењето.

Слични написи

40 проценти од луѓето имаат измислени први сеќавања

admin

Во Етиопија ќе се засадат 200 милиони стебла за еден ден

Biba

Програма во МКЦ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.