Спорт

Јувентус му ја укина привилегијата на Роналдо

Иако Роналдо од самиот почеток во Јувентус уживаше апсолутна слобода, со време  успеа да се подреди на тимот и на правилата.

Златното момче баш и не успеа да го испорача максималниот квалитет кој беше скапо платен, па заради тоа тренерот Алегри реши да му ги ускрати привилегиите што ги уживаше до сега, секогаш да е прв во изведувањето на слободните удари. Од доаѓањето во Јувентус, Роналдо во досегашните 12 натпревари не успеа да реализира ниту еден слободен удар. Од сега па натаму слободните удари ќе бидат доделени на Миралем Пјаниќ за изведување на слободните удари од левата страна и Пауло Дибала за ударите од десната страна. Роналдо ќе биде нивна замена.

Одлуката ќе стапи на сила веќе со натпреварот против Каљари.

Слични написи

Германија е домаќин на ЕУРО 2024

admin

Нов рекорд на Лионел Меси во Лигата на шампиони

Biba

Данската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.