Забава

Што открива вашето „буцкасто“ кутре за вас

 

Дански истражувачи утврдиле дека се големи шансите дебелите луѓе да имаат дебели кучиња, поради тоа што почесто им даваат слатки.

Зачестеноста на кучиња со прекумерна тежина е повисока кај дебелите сопственици (35 отсто), отколку кај сопствениците кои се слаби или имаат нормална телесна тежина (14 отсто), велат истражувачите.

Сопствениците со нормална телесна тежина имаат тенденција на кучињата да им даваат слатки за време на дресирањето, додека дебелите сопственици тоа го прават кога се дружат со нив. „На пример, кога лицето лежи на кауч и со кучето го дели последниот залак од сендвичот“, појаснува Шарлот Бјорнвалд од Универзитетот на Копенхаген, која го водела истражувањето.

Помеѓу 34 и 59 отсто од кучињата во развиените земји се среќаваат со проблемот на прекумерна тежина, што може да им го скрати животниот век и да им ја намали мобилноста, но и да предизвика дијабетес и проблеми со срцето, исто како и кај возрасните.

Кучињата со вишок килограми живеат две години пократко од оние кои го немаат тој проблем, без оглед на која раса ѝ припаѓаат. Во студијата е утврдено и дека кастрирањето тројно го зголемува ризикот за развој на дебелина.

„Изгледа дека кастрацијата на мажјаците им ја намалува способноста за регулирање на апетитот и мотивацијата за движење, а и двата фактора ги зголемуваат изгледите за развој на дебелина“, вели Бјорнвалд.

 

 

Слични написи

Спектакуларна божиќна елка осветлена со петкилометарско осветлување во Вилнус, Литванија

Biba

Еволуција на женскиот градник низ времињата

Biba

Осумгодишен јутјубер заработува 22 милиони долари годишно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.