Љубов и секс

Што може да искористите дома доколку немате секс-играчки при рака

Физичката дистанцираност ги натера луѓето да бидат покреативни додека се наоѓаат дома во карантин. Изненадува фактот колку се луѓето креативни кога треба да ја задоволат сексуалната потреба.

Според едно истражување, секс-играчките сега се продаваат повеќе од кога и да било. Гинекологот Лорен Стрихер вели дека ова воопшто не изненадува. Физичкото дистанцирање доведе до почесто мастурбирање.

„Најбезбеден начин за задоволување на потребата за секс е дефинитивно мастурбацијата. Луѓето практично секогаш користеле помагала за тоа. Некои имаат при рака дома и ги користат. Некои, пак, не можат да си дозволат играчки и не сакаат да купуваат преку интернет, па на сцена стапува креативноста.

Исто така, Лорен Стрихер вели дека луѓето не треба да бидат засрамени и советува како безбедно да ја задоволат потребата за секс со предмети што ги имаат дома.

Краставиците, електричните четки за заби и свеќите се најчести.

Ако барате нешто што треба да го ставите во вагината, проверете дали има остри рабови и делови. Би било добра идеја да ставите кондом на него, ако предметот има ситни делови  да ги спречите да останат во вагината. Ако користите електрична четка за заби наместо вибратор, таа советува да ставите памучна ткаенина под неа, за четката да не го иритира вашиот клиторис. Најважно е да бидете сигурни за ова задоволство да не ве однесе во во болница.

Слични написи

Врели игри во спалната со кои ќе ги истражите своите желби, мечти и фетиши

admin

Мисли кои на секој маж му поминуваат низ глава за време на сексот, но никогаш нема да признае

Biba

Трикови за да го освежите вашиот сексуален живот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.