Убавина

Што значи SPF факторот на кремите за сончање и како правилно се користат

Козметичките производи со заштитен фактор се разликуваат според висината на факторот, водоотпорноста и фотостабилноста. Изборот на средството и како ќе го користиме мора да биде во склад со типот на кожата, нејзините особини и начинот на кој реагира кога е изложена на сонце.

Што значи ознаката SPF на средствата за заштита од сонцето?

Постојат креми за заштита од сончевото зрачење со низок заштитен фактор – SPF 5 и 10, умерен заштитен фактор – SPF 15, 20 и 25, висок заштитен фактор – SPF 30 и 50 и многу висок заштитен фактор – SPF 50+. Кратенката SPF (Sun Protection Factor) означува фактор за заштита од сонцето.

SPF го претставува степенот на заштита на кожата од изгореници. Заштитниот фактор 15 значи дека може да се изложуваме на сонце 15 пати подолго отколку што би можеле без заштита. На пример, ако кожата гори по 10 минути сончање без користење на каква било заштита, со користење на SPF 15 тоа може да се направи 15 пати подолго, односно, 500 минути или 5 часа.

Но, тоа никако не значи дека во текот на тие 5 часа доволно е само еднаш да нанесеме на кожата од средството за заштита. Се препорачува половина час пред излегување на плажа да го намачкате целото тело, а потоа на секои 90 минути до најмногу два часа, зависно од тоа колку често се капете во вода, се бришете со пешкир или колку се потите. Во секој случај, пожелно е кремата за сончање да се нанесува што почесто и во подебел слој.

Стручњаците сметаат дека на возрасен човек му се потребни 30 мл средство за сончање за добро да ја покрие целата кожа и да биде заштитен од штетното UV зрачење.

 

Која е разликата помеѓу UVA и UVB зраците?

Кремите за сончање означени со SPF заштитуваат само од UVB зраците, кои го оштетуваат површинскиот слој на кожата и предизвикуваат црвенила и изгореници. UVA зраците продираат до подлабоките слоеви на кожата (дури и преку стакло) и предизвикуваат долгорочни оштетувања, вклучувајќи предвремено стареење на кожата, брчки и канцер. Овие зраци можат да направат голема штета и пред кожата воопшто да поцрвени.

Притоа, имајте на ум дека колку и да изгледа привлечно исончаната кожа, тоа значи дека веќе се направени длабоки оштетувања и дека токму оштетената ДНК ѝ сигнализира на кожата да потемни за да се заштити од понатамошно оштетување.

Одредувањето на вистинското средство за заштита на вашата кожа зависи од типот на кожата. SPF 15 филтрира 93 % од UVB  зраците, SPF 30 блокира 97 %, а SPF 50 заштитува од 98 % од штетното UVB зрачење. Ова можеби изгледа како занемарлива разлика, но ако имате светла и осетлива кожа и историја на канцер на кожата, тие неколку проценти прават огромна разлика.

Каков тип на кожа имате?

Фототип 1: изразито светол тен, светлоруса или црвена коса, сини или зелени очи. На незаштитена кожа изложена на силно сонце се јавуваат изгореници по само 5-10 минути. Кожата никогаш не потемнува, туку само поцрвенува. Луѓето со овој фототип треба целосно да избегнуваат изложување на сонце и да користат средства за сончање со многу фисок заштитен фактор (SPF 50+).

Фототип 2: светол тен, руса или светлокафеава коса, сини, сиви или зелени очи. Оваа кожа многу тешко и слабо потемнува, а најчесто останува црвена. Користете средства за заштита со висок заштитен фактор (SPF 50).

Фототип 3: потемен тен, потемна коса, сиви или кафеави очи. Кожата секогаш добро потемнува, но некогаш ѝ претходи црвенило. Треба да користите средства со SPF 30, а потоа со умерен заштитен фактор SPF 15.

Фототип 4: темен тен, темна коса, темнокафеави или црни очи. Оваа кожа потемнува многу брзо и речиси никогаш не поцрвенува. Потребно е да се користат средства со SPF 20, а подоцна со понизок фактор на заштита, најмалку SPF 10.

Фототип 5 и 6 имаат припадниците на црната раса.

Кои средства за заштита од сонцето се најдобри?

Најдобро е да користите водоотпорни производи на кои е означено дека имаат широк спектар на заштита, што значи дека заштитуваат и од UVA и од UVB зраците. Пожелно е средството да содржи активни минерални состојки како што се титаниум диоксид или цинк оксид, кои пружаат природна заштита од сонцето и наместо хемиски, физички ги блокираат и рефлектираат штетните UVA и UVB зраци.

Ако имате мрсна кожа, можеби повеќе ќе ви одговараат средствата кои хемиски заштитуваат од сонцето, затоа што се потечни и полесни за нанесување, за разлика од производите кои заштитуваат физички, кои обично се погусти заради тоа што содржат цинк оксид. Осетливата кожа може да реагира на хемикалиите во овие средства, па затоа е најдобро да се направи тест, да се види на која кожа какво средство највеќе ѝ одговара. Изборот е секогаш индивидуален.

Слични написи

Домашен сируп со кој масното ткиво се намалува за 1 см дневно

Biba

Лејди Гага лансираше свој бренд на шминка

Biba

Havaianas и Farm Rio ги претставија новите апостолки со разигран летен дизајн

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.