Убавина

Шест совети со кои косата ќе ви биде подолга и побујна

 

Речиси секоја жена во светот сака долга и убаво негувана коса. Косата месечно расте околу 0,8 сантиметри. Ако сакате растот на косата да го забрзате и притоа таа да биде убава и негувана, следете ги овие шест совети.

  • Јадете умно. За да имате убава и здрава коса, пред сè треба да се храните здраво. Мишел Блесур, која се занимава со производство на препарати за коса, советува консумирање на храна која е полна со здрави масти, како авокадото. Во храната додајте многу протеини и здрави маснотии како маслиново масло и омега-3 масни киселини. Блесур препорачува храна како лосос, авокадо, јаткасти производи, овошје и зеленчук.
  • Користете шампон и регенератор. Сите оние кои сакаат убава и нежна коса треба да користат шампон и регенератор за дополнителен волумен, со што ќе ја направат косата бујна и сјајна. Оваа комбинација треба особено да ја применуваат лицата со кадрава коса.
  • Не ја мијте косата многу често. Премногу честото миење може да ѝ наштети на косата. Фризерите велат дека тоа е најголемата грешка што ја прават нивните клиенти. Оптимално е косата да се измие 3 пати неделно.
  • Негувајте го темето на косата. Прекумерното користење на хемикалии и производи за нега можат агресивно да делуваат на вашето теме. Исто така, прекумерното користење на сода бикарбона ја нарушува нормалната PH вредност на влакното. Избегнувајте лак за коса, но и сите препарати што оставаат траг на косата и ја прават безживотна и без сјај. Избегнувајте сè што има висока PH вредност. Освен тоа, за вашето теме е делотворно и масирање на косата и на кожата на главата, со што ќе го активирате крвотокот, а со тоа ќе ја зголемите размената на кислород и ќе добиете здраво теме.
  • Витамини за коса. Фризерите советуваат доколку наеднаш почне да ви паѓа косата, да почнете со пиење на мултивитамини. Многу често мултивитамините им се потребни на организмот и на косата за да бидат здрави.
  • Заборавете ја пеглата за коса. Ако сакате здрава коса, тогаш дефинитивно мора да заборавите на пеглата со која го исправате влакното. Почесто четкајте ја косата.

 

Слични написи

Жените го ризикуваат здравјето на стапалата заради мода

Biba

Не е сеедно дали ја миете косата наутро или навечер

dart

Направете релаксирачка детокс купка по напорниот ден

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.