Автомобилизам

Хрватскиот Римац го тестира својот прототип на патеката Нардо

 

Хрватската компанија која се занимава со спортски и технолошки напредни автомобили Римац, деновиве за потребите на тестирањето на нивниот нов прототип C_Two ја користи познатата италијанска автомобилска патека Нардо.

Од Римац прикажаа неколку фотографии на кои се гледа нивниот електричен модел, прототип вооружен со милион сензори кои треба да дадат адекватна слика од тестирањата. Треба да ги покажат параметрите за аеродинамиката, управувачкиот склоп, издржливоста и многу други особености.

 

 

Римац за тестирањето ја користи инфраструктурата која е сопственост на Порше. Ултраспортскиот електрично придвижуван автомобил се очекува да биде претставен следната година, а купувачите би требало да седнат во своите автомобили во 2021 година. Сè до тогаш Римац ќе продолжи со бројните тестирање со кои треба да постигне перфектност на својот C_Two.

 

 

Од компанијата велат дека продукцискиот модел ќе има различен назив и за потсетување тоа ќе биде автомобил придвижуван од четири електромотори, кои во комбинација произведуваат повеќе од 1900 коњски сили и вртежен момент од 2299 њутн метри, што е доволно овој автомобил од 0-100 км/ч да постигне за помалку од 2 секунди.

За автономијата која според спецификацијата е околу 550 километри, задолжени се батерии со капацитет од 120 киловат часови.

 

 

 

Слични написи

Porsche Panamera GTS

admin

Ауди го претстави новиот RS 6 Avant

Biba

Сони влегува во светот на автомобилите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.