Технологија

Форд креираше куќичка за кучиња која ги блокира надворешните звуци

Куќичка која е идеална за Новогодишните празници, кога домашните миленици се преплашени од бучавата која ја прават бројните петарди и огномети.

Форд ја започнува 2019 година со новитет кој не е поврзан со автомобилите. Оваа компанија во почетокот на годината што доаѓа ќе ланисра куќичка за миленици што ја блокира надворешната бука.

“Се прашувавме како технологијата и можностите што ги имаме, можат да им помогнат на луѓето во други ситуации. Ни се чинеше идеално нашите способности да ги искористиме за да им помогнеме на луѓето кои се загрижени за бучавата која ја предизвикуваат огнометите за време на прославите на Новата година и последиците кои ќе ги остави на нивниот миленик”, изјави Лин Вест, менаџер во Форд.

Компанијата за оваа куќичка користела технологија на “active noise control”, која во себе содржи компоненти кои ги има во слушалките за уши, но и во опремата која се наоѓа во Фордовите автомобили. Овој систем се потпира на микрофони интегрирани во куќичката кои ја детектираат бучавата од огномет.

Дека не им е важна само намената, зборува и фактот што се потрудиле да направат засолниште кое личи на удобна и елегантна куќичка. Стилистите ја дизајнирале куќичката користејќи шведски мебел, а не евтини материјали кои можат секаде да се најдат. Куќичката е доволно голема за едно големо куче или за две помали.

Слични написи

Xiaomi го претстави новиот Mix Fold 2

dart

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

Кондом што се подмачкува на допир

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.