Сцена

Фановите на Квин конечно ја дочекаа филмската премиера на Боемска Рапсодија

Вечерва на Вембли Арената во Лондон се одржа долгоочекуваната премиера на филмот за животот на Фреди Меркјури од неговото доаѓање во бендот Квин, па сè до неговата смрт. Меркјури и 27 години по неговата смрт останува една од најголемите музички икони на сите времиња, пејач кој својата богата кариера ја изгради со хитови со кои сè уште живеат генерации.

Локацијата за премиерата на филмот не беше избрана случајно. На истата таа локација, на Вембли стадионот, далечната 1985 година Квин го одржаа фамозниот Live Aid Concert.

Главната улога на Фреди Меркјури ја толкува Рами Малек, кој на филмската премиера пристигна облечен во бел костум.

Бен Харди кој ја има улогата на тапанарот Роџер Тејлор и Гвилим Ли како гитаристот Брајан Меј, пристигнаа на филмската премиера во друштво на хитмејкерите на Квин, Брајан Меј и Роџер Тејлор. На црвениот тепих ги придружуваше и Џозеф Мазело кој ја игра улогата на бас гитаристот Џон Дикон.

Актерката Луси Бојнтон се појавува во улогата на долгогодишната пријателка и вереница на Фреди Меркјури – Мери Остин, која изгледаше прекрасно во розев фустан.

Првиот и вториот менаџер на Квин ги играат Том Холандер и Ејдан Гилен. Брајан Меј и Роџер Тејлор се исто така и извршни музички продуценти на филмот.

Вембли Арената беше преполна со фанови на Фреди Меркјури и Квин од целиот свет.

Боемска Рапсодија ќе почне да се прикажува во кино салите низ светот веќе од утре, а со нетрпение ја очекуваме неговата премиера и кај нас.

 

Слични написи

Мадона со таинствено видео го промовираше својот најнов албум

Biba

Тајра Бенкс повторно се најде на насловната страница на “Sports Illustrated Swimsuit”

Biba

„Гори“ е новата песна на Тајзи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.