Технологија

Тивкиот суперсоничен авион претставен од Lockheed Martin

 

Компанијата Lockheed Martin Aeronautics ги претстави плановите за тивок суперсоничен патнички авион кој е сè уште во фаза на концепт, но сепак е јасно дека сме на прагот на ерата на супербрзо воздушно патување.

Quiet Supersonic Technology Airliner е авион со два млазни мотори наменет за 40 патници, кој би можел да лета со брзина од 1,8 маха. Овој концепт е претставен на американскиот Институт за астронаутика во Далас.

Вревата што ја произведуваше авионот Конкорд, кој се користеше кон крајот на минатиот век, кога се преминуваше звучната бариера при брзина од 1 мах спречуваше авионот да лета над копно, со што се намалуваше неговата економска исплатливост.

“Досега направивме само концептуални дизајнерски студии за да утврдиме дали дизајнот е одржлив, колкав би требало да биде, колкава би била тежината и слични параметри. Овие студии се потребни за да утврдиме дали дизајнирање и производство на ваков авион има смисла”, изјави инженерот Мајк Боунано.

Дизајнот на Lockheed Martin е сличен на дизајнот на Конкорд со користење на делта крила, но има и продолжен суперостар нос кој има задача да го елиминира експлозивниот звук при преоѓање на звучната бариера на 1 мах. Во авионот ќе има место за 40 патници со по едно седиште од двете страни. Секој патник ќе има прозорец. Задниот дел, наместо стандардното крило, ќе има опашка во V-форма.

Авионот ќе има автономија од 10 000 километри и со леснотија ќе може да лета на дестинации како Лондон-Њујорк, Токио-Лос Анџелес, Лондон-Пекинг.

Се проценува дека дестинацијата Лондон-Токио ќе се помине за 4 часа и 30 минути.

 

Слични написи

Самсунг со 3 камери

admin

Од Антарктик се одвојува санта мраз двојно поголема од Њујорк

Biba

Женски тандем ќе прошета во вселената

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.