Психологија

Тест на интелигенција од само две прашања

Д-р Бен Ејмбриџ од Институтот за психологија на Универзитетот во Ливерпул составил тест на интелигенција од само две прашања. Тестот се базира на истражување објавено во Британскиот журнал за психологија во 2016 година. Според него, овој тест открива колку сте навистина паметни без никакви комплицирани математички пресметки.

Одговорете на следните две прашања без многу размислување:

1. Дали живеењето во густо населена средина ве депримира?

а. Многу      б. Малку      в. Воопшто не

2. Дали повеќе сакате да се дружите со пријателите секој ден наместо еднаш или два пати неделно?

а. Апсолутно да      б. Можеби малку      в. Не

 

Ако одговоривте искрено на двете прашања, прочитајте го толкувањето.

Ако на првото прашање дадовте одговор под б или под в, а на второто прашање одговоривте под в, тогаш размислувате на сличен начин како интелигентните луѓе.

Зашто е тоа така? Ако се земе предвид дека просечниот коефициент на интелигенција изнесува 100, истражувањето открило дека густо населените подрачја негативно влијаат на луѓето со понизок IQ (оние кои имаат во просек IQ 81), додека пак оние со повисок IQ (во просек 118) добро се снаоѓале во таква средина.

Откриено е, исто така, дека честото дружење со пријателите е поврзано со поголемо задоволство од животот кај луѓето со понизок IQ, но со помало животно задоволство кај луѓето кои се поинтелигентни. И покрај тоа што испитаниците одговориле дека поретко се дружат со пријателите, истражувачите откриле дека тие го правеле тоа многу почесто, но тие средби ги нервирале и не уживале во нив.

Слични написи

Техники со кои искусните лажговци ги прикриваат своите лаги

Biba

Прекувремената работа поттикнува развој на депресија

Biba

Помогнете им на децата успешно да ги решаваат меѓусебните конфликти

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.