Спорт

Тенисерката Радванска со само 29 години ја заврши својата кариера

Полската тенисерка Агњешка Радванска објави дека ја завршува својата кариера. По 13 години кариера исполнета со успеси, реши да прекине со натпреварувањата.

Во својата изјава наведува дека од здравствени причини и поради темпото на тренинзи и патувања, принудена е да се откаже од понатамошни натпреварувања.

Во својата професионална кариера Радванска има освоено 20 WTA титули и заработка од повеќе од 27,5 милиони долари, и со тоа е на седмото место на сите времиња.

Остварила 594 победи, 269 порази, а најголемиот успех и беше 2012 година кога беше втора тенисерка на листата.

Од тенисот се простува на седумдесет и петтото место на светската листа.

Слични написи

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

Голманот на Јордан постигна гол од својот казнен простор

admin

Македонија се искачи на првото место во групата

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.