Здравје

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

 

Научниците од Универзитетoт Колеџ во Лондон откриле зашто луѓето се држат за болното место откако ќе се повредат. Имено, допирањето на повредениот дел од телото овозможува создавање на слика во мозокот за него.

Британските научници откриваат дека начинот на кој мозокот перципира одредени делови од телото е клучен за намалување на доживувањето на болката. Испитаниците за време на истражувањето ги ставале показалецот и домалиот прст во топла вода, а средниот прст во ладна, што создава чувство на болна топлина во средниот прст. Меѓутоа, мозокот не знае дека се работи за илузија.

Се покажало дека болката во средниот прст се намалила за дури 64 отсто кога испитаниците прстите на таа рака ги фатиле со истите прсти на другата рака. Меѓутоа, резултатите покажале и дека намалувањето на болката не функционира ако некој друг ја допре повредата.

„Сопствениот допир пружа силни докази за поврзаноста на мозокот и сетилните информации од различни делови на телото. Тоа ни помага нашето тело да го гледаме како една складна целина“, вели професорот Патрик Хагард.

Научниците велат дека благодарение на ова истражување, сега имаат експериментален модел за проучување на начините на кои мозокот го осеќа телото под влијание на болката.

 

 

Слични написи

Навиките за пиење алкохол на мајките, се пренесуваат на нивните деца

Biba

Здрава храна која дебелее

Biba

Колку чоколадо е премногу?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.