Здравје

Текилата може да помогне да го намалите вишокот килограми

 

И покрај тоа што е добро познато дека со пиењето алкохол внесуваме огромен број празни калории, едно скорешно истражување пронајде врска помеѓу текилата и слабеењето.

Според американското здружение American Chemical Society кое ги проучувало ефектите кои ги има текилата на нивото на глукоза во крвта, изгледа дека шеќерите кои ги има агавето (од агаве се произведува текилата) може да помогне во намалувањето на шеќерот во крвта.

Во студијата истражувачите откриле дека глувците кои после оброкот пиеле вода со додаден агавин шеќер – помалку јаделе и имале пониско ниво на шеќер во крвта од глувците кои не добивале агаве шеќер.

Исто така, глувците кои консумирале агаве произведувале хормон наречен GLP-1 кој го продолжува чувството на ситост и произведува инсулин. Заради тоа, истражувачите веруваат дека агавинот може да им користи на луѓето болни од дијабетес 2, како и на луѓето кои сакаат да ослабат.

 

Слични написи

Сан Франциско ќе биде првиот американски град кој ќе забрани е-цигари

Biba

Вежбањето на ладно време може да согори повеќе калории

dart

Некои од најопасните бактерии живеат во вашиот туш

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.