Сцена

Тајзи со ново видео за „Сине“

 

Денес, на каналот на Балкатон на „Јутјуб“ беше промовирано новото видео и песна на Драган Величковски Тајзи, со наслов „Сине“

За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски, ја направија музиката.

„Спотот е вистинско мало ремек-дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба нè чека во животот“, вели Величковски за видеозаписот за „Сине“.

Сниман е на повеќе локации, во Куклици (Кратово), тврдината Зебрњак, и во боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.

 

 

 

Слични написи

Новиот документарен филм за Битлси носи необјавени снимки од периодот пред разделувањето

dart

И на 72 години Шер се чувствува како постара тинејџерка

Biba

Ќeрката на Мадона, Лурдес е новото заштитно лице на Марк Џејкобс

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.