Психологија

Стресот за време на детството може да доведе до оштетување на мозокот

Научниците докажаа дека стресот за време на детството може да доведе до сериозни структурни промени во мозокот. Студијата која ја направиле на Тринити Колеџот во Даблин, укажува на тоа дека стресните ситуации како што се емоционално занемарување и злоставување, влијаат штетно на мозокот, посебно ако се во комбинација со генетски фактор.

Во истражувањето учествувале 24 пациенти на возраст од 18 до 65 години кои боледувале од депресија. Нивната состојба била испитувана со помош на магнетна резонанца и со проценка на стресот додека биле деца, со тоа што научниците користеле посебни програми за анализа на мозокот. Испитаниците биле потоа споредени со 27 здрави лица од ист пол и иста возраст.

Истражувањето го поврзало стресот од детството со оштетувањето на мозокот во подоцнежните, возрасни години. Научниците изјавуваат дека оваа студија го подобрила разбирањето за тоа како стресот и генетиката влијаат заедно и како влијаат на структурата и функцијата на човечкиот мозок. Освен тоа, резултатите покажале дека стресот за време на детството има огромно влијание на заболувањето од депресија за време на возрасната доба.

Заради тоа, стручњаците напоменуваат дека раното откривање на депресија е многу важно за да се зголемат изгледите за оздравување и за да се подобри менталното здравје во возрасните години. Освен тоа, превенцијата од злоставување и емоционално занемарување на децата е многу важна за подобрување на општото здравје на луѓето и за да се избегнат негативни последици во подоцнежните години.

Слични написи

Изборете се успешно со празничната тага

Biba

Песимистите слабеат побрзо

Biba

Препознајте ги раните знаци на дислексија уште на предучилишна возраст

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.