Гастрономија

Сладолед тирамису

Потребни состојки:

400 мл слатко кондензирано млеко, ладно од фрижидер

450 мл слатка павлака, ладна од фрижидер

1 лажичка екстракт од ванила (опционално)

2 лажици топла вода

1 лажица еспресо во прав

45 г пишкоти искршени на парчиња

45 г грубо исечкано чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во мал сад растворете го еспресото во топлата вода и тргнете го на страна.
  2. Со миксер на најсилна брзина изматете ја слатката павлака да стане цврста. Намалете ја брзината и додајте ги кондензираното млеко и екстрактот од ванила. Потоа вратете ја брзина на матење на најсилно и матете ја оваа смеса додека да стане цврста.
  3. Додајте го раствореното кафе и измешајте да се изедначи бојата.
  4. Во смесата за сладолед додајте ги пишкотите и чоколадото и со лажица измешајте сè заедно.
  5. Сладоледот ставете го во замрзнувач најмалку четири часа пред да го сервирате.

На здравје!

 

 

Слични написи

Ледено кафе без шеќер, со необичен додаток

dart

Макарони во сос од печурки

Biba

Нутела ќе добие сериозна конкуренција

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.