Автомобилизам

Се продава исклучително редок примерок на Koenigsegg One:1

 

Шведската автомобилска компанија Koenigsegg моделот One:1 го произведе во серија од само 6 примероци, а еден од нив во моментов е на продажба од страна на британската компанија James Edition.

За овој убавец новиот сопственик треба да издвои „само“ 6,47 милиони евра.

Овој суперсоничен двосед е базиран на неодамна пензионираната Agera и го придвижува централно поставен V8 мотор со зафатнина од 5 литри, на кој му асистираат два турбополначи. На задните тркала испорачува моќност од 1360 коњски сили и  вртежен момент од 1371 њутн метри. Силата се пренесува со автоматски менувач со 7 степени на пренос.

 

 

Целата оваа сила е задолжена да го движи автомобилот со само 1360 килограми и не е чудо што One:1 дава резултати како да е авион.

Забрзувањето е само 2,8 секунди и има максимална брзина од 440 километри на час.

Ова е автомобил за кој не е потребно да се има дозвола за летање.

 

 

Слични написи

Внукот на Фердинанд Порше објави тизер од новиот модел GTL Coupe со 540 KS

dart

Еволуцијата на Audi R8

Biba

Ferrari 488 Pista Spider – магнет за посетителите на Саемот на автомобили во Париз

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.